
ФК Брегалница направи тренерска промена. Управата на штипскиот прволигаш донесе одлука за прекин на професионалниот ангажман на актуелниот стручен штаб. Оваа одлука доаѓа после неочекуваниит пораз од Шкендија Арачиново на домашен терен.
Клубот преку официјално соопштение ја информираше јавноста дека со одлука на Управата се прекинува соработката со стручниот штаб, без да бидат наведени дополнителни детали за причините за ваквиот потег.
Од Брегалница упатија благодарност до членовите на стручниот штаб за досегашниот професионален ангажман, посветеноста, вложениот труд и придонесот во работата на клубот.
Сега останува да се види кој ќе биде наследникот на клупата на „сините“. Од клубот најавија дека навремено ќе ја информираат јавноста за сите дополнителни информации поврзани со новиот стручен штаб.
Следните денови ќе покажат во кој правец ќе продолжи Брегалница во продолжението од сезоната.