Православната црква го празнува Свети Наум Охридски

Денес Православната црква го празнува Свети Наум Охридски Чудотворец. Еден од седумте ученици на Светите Кирил и Методиј. Основоположник на словенската и македонската писменост и култура. Набрзо по неговата смрт, бил прогласен за светец поради чудата кои се случувале на неговиот гроб.

Свети Наум Охридски Чудотворец починал на 23 декември 910 година. Во манастирот „Свети Наум“, којшто се наоѓа на брегот на Охридското Езеро.

„Свети Климент знаеме дека во чест на неговиот учител Кирил ja измислил кирилицата. Заедно со Свети Наум Охридски го прошириле христијанството и го просветлувале овој народ на денешните балкански простори. Моштите на Свети Наум почиваат во Охрид. Кај што и ден денес, се пројавуваат многу чудеса, а најмногу оние кои страдаат од психички пореметувања“.

Утре православните верници го празнуваат Бадник. Празник на радоста, пред големиот ден Христовото раѓање. Со овој ден завршуваат и Божикните пости.