
Главна цел на Министерството на одбрана на Република Северна Македонија, за оваа 2021 година е да се покаже квалитетот на нашата држава, откако минатата година после долги години напор конечно станавме 30та земја членка на НАТО. Тоа го посочи во денешната посета на Штип, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
„Во 2021 година главниот акцент ќе го ставиме токму на нашиот капацитет во Штип, каде што е лоцирана нашата НАТО декларирана главна единица, лесната пешадија. Овде во текот на 2021година ќе обезбедиме навистина подобри услови за работа, за вежбање, за подготовка за НАТО предводени операции. Задоволство ми е да кажам дека тука своја шанса за работа и за напредок ќе добијат најдобрите млади војници, подофицери и офицери. – истакна Шекеринска.
Најпосле нашата армија е целосно опремена со комплетна борбена униформа, баретки, кои се од ист тип па дава целосно идентична слика кога ќе се обрне погледот кон војниците.
„Дополнително обезбедуваме уште една целосна униформа со сите дополнителни делови, меѓутоа обезбедуваме и спортска опрема не само за декларираните единици туку буквално за секој припадник на Армијата – кажа Шекеринска.
Со вложувањето во добрите млади девојки и момци кои се дел од Армијата, се покажува приоритетот и значењето на истата, – истакна Шекеринска.
Лаура Стојанова М-Нет