По втор пат одложено рочиштето за стечај на штипска Баргала, овој пат по барање на Синдикатот

Сликата пред Основен Суд Штип утринава беше иста како пред шест дена кога се одложи првото рочиште за отпочнување стечајна постапка за штипска Баргала. Работниците од Баргала беа пред Судот барајќи си ги своите права, со извадени извештаи од банка за тоа колку плата добиле за изминатиот период, а рочиштето е повтроно одложено за 9 септември, само овој пат на барање на Синдикатот. Како што истакна претседателот на ССМ, Дарко Димовски се собираат дополнителни докази дека АД Баргала не ги има исплатено платите на вработените во целост.

„Согласно извештајот на стечајниот управник дека не треба да се поведе стечајна постапка и дека се исполнети уловите од стана на АД Баргала, т.е. се исплатени трите плати и дека треба истото друштво да продолжи со работа ние како ССМ заедно со работниците сметаме дека е една голема лага и не вистина, бидејќи знаеме овие три плати како се исплатени на кој начин. Доказот на стечајниот управник не претставува никаква гаранција дека се исплатени тие плати, баш напротив. Платата во нашата држава е 15 200 денари плус придонеси или додатоци, а на нас ни се исплатени плати од 600 денари“ – додаде Димовски.

Работниците велат не се живее ниту со 600 ниту со 5000 денари плата, немаат здравствено осигурување, едноставно се оставени на улица.

„ Ако се живее со плата од 600 денари или 5.000 денари нека повели кој може нека живее јас неможам“

Работниците од АД Баргала пред неколку месеци на домашна адреса добија отказни решенија и отошаг практично започнуваат нивните маки. Оставени на улица без плата, без работа и без здравствено осигурување како што велат тие едвај врзуваат крај со крај.

Лаура Стојанова М-Нет