
Тренерот на кик бокс клубот Гладијатор од Штип Шенол Асанов ќе го предводи Никола Нацев на Балканското првенство во кик – бокс кое од 3 – 5 септември ќе се одржи во Скопје. На ова првенство се пријавени и ќе настапат преку 200 натпреварувачи од 7 Балкански земји: Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора, Словенија, Турција и Косово. Македонската селекција ќе биде најбројна, преку 70 борци ќе се обидат да дојдат до посакуваната цел, односно освојување на едно од првите три места. Штипјанецот Никола Нацев кој досега настапуваше во дисциплините Лоу – кик и как – лајт според зборовите на тренерот Шенол Асанов овојпат ќе настапи во дисциплината К 1 + 91 кг. во која ќе се бори и светскиот првак инаку член на селекцијата на Србија. Никола Нацев иако млад е доволно искусен и храбар борец чија единствена цел е победа и само победа и овој пат ќе даде се од себе за да постигне одличен резултат. Балканското кик – бокс првенство во Скопје ќе се одвива по строги протоколи на комисијата за здравство со цел заштита на здравјето на сите учесници – натпреварувачи и на официјалните лица. Особена чест за организаторите ќе претставува присуството на првите луѓе на Светската ВАКО федерација – Рој Бејкер, на Европската – Иштван Кирали и на Балканската ВАКО Федерација – Владимир Ситар.
Драги Герасимов – Пушка Mnet,mk