Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот стигнал до дворовите

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне и се прошири кон Струмица, односно до месноста Софилар, е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Според него, пожарот е под контрола на потегот од селата Водоча и Баница до месноста Софилар. Активен останува само на едно тешко пристапно место во селото Водоча.

Во гаснењето, покрај струмичките пожарникари, учествувале и пожарникари од околните градови, а бил вклучен и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

Според последната изјава на градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, нема поголеми материјални штети, иако огнените јазици во еден момент навлегле во дворовите на куќите и викендичките во месноста Софилар.

Во гаснењето на пожарот била вклучена и механизација на ЈПКД „Комуналец“, како и на други компании, кои работеле на ископување противпожарни пречки.

Текстот Пожарот кај Струмица ставен под контрола, огнот стигнал до дворовите е превземен од МАКФАКС.