Завршени активностите на водоводната линија на ул. „Личка“ во Штип

По 60 години, за рекордно време од 7 дена се завршени 32 приклучоци кон домовите на граѓаните на улица Личка во Општина Штип. Денеска завршуваат активностите на ЈП „Исар“, а од понеделник ќе започна градежните активности за реконструкција на оваа улица. Првиот човек на градот под Исарот доктор Сашко Николов вели претходниците поправале импровизирано.

„Бевме сведоци на едно импровизирано поправање на коцката кое што да не речам е круцијално значење за една општина да ја имаме како коцка наредена добро, меѓутоа нашите претходници ставале асфалт каде преку седум атмосферски и канализациони шахти беа потрупани и залепени со самиот асфалт“ – истакна Николов.

Вработените во ЈП „Исар“ се надиминаа себе си во претходната недела дена па добија и јавна пофалба од Директорот Коцев.

„Што се однесува до ЈП„Исар“ можам да кажам дека овие луѓе се надминаа во својата активност за рекордни седум дена, некои од нив работат скоро по 40 години досега вакво нешто не и се случило. Ова е доказ дека со една добра организација, со една голема желба што тие ја поседуваат може да направиме голем број улици да бидат реконструирани онака како што треба“ – додаде Коцев.

Целокупната вредност на овој проект е некаде околу милиони и 500 илјади денари, а потоа се очекува да се постави нова водоводна линија и канализиација проект повторно вреден милион ипол илјади денари пари обезбедени од Општина Штип и ЈП„Исар“.

Лаура Стојанова М-Нет