Почнува Штипско Културно Лето 2020

Денес почнува 35тото издание на Штипското културно лето. Заради актуелната состојба со пандемијата, годинава летната културна понуда во Штип е крајно редуцирана, со само 13 содржини кои ќе се реализираат на летната сцена на „Домот на млади“ во Штип. Он лајн ќе можат да се следат на фејсбук страната на „Дом на млади“. Согласно здравствените протоколи, организаторот, Локалната самоуправа Штип ги презема сите мерки за заштита на здравјето на публиката и уметниците, вели Кирил Панајотов – советник за култура во Општина Штип.

ШКЛ вообичаено почнува со содржини наменети за најмладата публика. Денес почнува он лајн балетската школа за деца, а ќе биде поромовирана книгата за деца „Приказни за мачорот Ал“ од Трајче Кацаров. И покрај редуцираната програма, организаторот се надева дека ќе го освежи ова лето во Штип со содржини  за љубителите на музиката и театарот

До крајот на месецот ќе бидат реализрани 13 културни содржини на ШКЛ, годинава со буџет од  150 илјади денари.

Славица Величковска

Горан Христовски

Дарко Донев