Штипјанец пронајден мртов на тврдината Исар

Вчера вечер на тврдината „Исар“ бил пронајден починат С.Б.(40) од Штип. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител. Од страна на доктор било утврдено дека на телото на починатиот нема траги на насилство и било предадено на семејството.