Штипската болница се подготвува за поголем број ковид пациенти

Капацитетот на одделенијата каде се лекуваат болните од ковид-19 во Клиничката болница во Штип е скоро целосно пополнет. Бројот на пациентите денес е 47 на инфективното и адаптираното нервно одделение. Таму има место за уште десетина пациенти и тоа со додавање на кревети. Директорот на Клиничка болница Штип Д-р Ален Георгијев вели дека болницата се подготвува за прием на нови 15 пациенти и тоа со адаптирање на други одделенија во болницата.

„ Сеуште ги вршиме проценките каде би било најдобро да се адаптира ново ковид одделение, но се подготвуваме и за третман на болни со тешка клиничка слика. Тешк болните пациенти до сега ги испраќаме на лекување во Скопје, но се подготвуваме и овде во Штип да ги применуваме протоколите за нивно лекување доколку во центрите Скопје немаат можност“ – изјави за mnet.mk директорот Георгијев.