
Стартуваа активностите за изградба на нов кружен тек кај некогашната дистрибуција на булеварот Партизанска во Штип, со кој во иднина се очекува да се подобри безбедноста во сообраќајот. Покрај оваа крстосница, градоначалникот Иван Јорданов најави дека во наредниот период ќе се работи и на останатите ризични точки во градот, меѓу кои се крстосницата во населбата Сењак и крстосницата кај спортската сала „Јордан Мијалков“. На овие локации ќе бидат изградени кружни текови, бидејќи, според Јорданов, тоа е најбезбедното сообраќајно решение кое досега се покажало како успешно во пракса
,,Денес се наоѓаме на булеварот Партизанска на кој веќе се започнати активности за изградба на нов кружен тек, кој верувам дека во иднина перспективно ќе овозможи поголема безбедност и можност во сообраќајот на овој дел од булеварот Партизанска. Станува збор за инвестиција вредна нешто повеќе од 17 милиони денари, која ќе овозможи посигурна безбедност во сообраќајот и поголема можност, затоа што постоечкото сообраќајно решение беше ограничувачко во еден дел за свртување на учесниците во сообраќајот, но она кое што е наша цел е не само оваа сообраќајница, практично крастосница, туку сите ризични крстосници во градот, како што е крстосницата кaj спортската сала Јордан Мијалков, крстосницата во населба Сењак, да ги уредиме со кружни текови, затоа што истите се најбезедното решение, кое што во пракса се покажало. Верувам дека во периодот кој што следи, сите овие крстосници кои ги напоменав, а не се кружно уредени, ќе бидат инстретирани со тоа ќе се зголеми безбедноста и прегледаноста во сообраќајот.“, кажа Јорданов
Градоначалникот Јорданов кажа дека во следните неделни интензвнот ќе се работи на уредувањето на овој кружен тек, а додека се одвиваат градежните активности, ќе има поставено соодветна сообраќајна сигнализација, со соодветен изменет сообраќаен режим
,,Додека се одвиваат градежните активности повразни со овој кружен тек, ќе има соодветно сообраќајна сигланизација и со соодветен изменет сообраќаен режим. Затоа апелирам до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на сообраќајната сигнализација, затоа што во наредните неколку денели ќе се работи интензивно на уредување на овој кружен тек и верувам дека по завршувањето ќе се соодветно сообраќајно истретира, за да имаме бенефит од оваа градежна активност.“, додава Јорданов
Tенденцијата, како што рече градоначалникот Јорданов е сите ризични точки во градот, кои што во минатото биле таргетирани како ризик фактор, истите да биде истретирани и со тоа да овозможи поголема бебезденост во сообраќајот за сите учесници во него.
Иван Митев, М-Нет