Дали Македонија требаше да учествува на Евровизија

„Немам појма и не ме интересира ништо да ти кажам право.“

Отсуството на Македонија од овогодинешната Евровизија кај некои граѓани предизвика разочараност, револт, но и чувство дека државата полека исчезнува од големата европска музичка сцена. Дел од анкетираните велат дека им е жал што оваа година нема македонски претставник, посочувајќи дека причините лежат во недостатокот на буџет и недовербата во начинот на избор на песните. Додека пак други сметаат дека Евровизија веќе не е тоа што била порано и дека од година во година интересот опаѓа, особено кај постарите генерации.

Во Штип сретнавме бугарски турист кој пред камерите на М-Нет Тв ја коментираше победата на Бугарија на Евровизија.

„Мене не ми се допаѓа, но веќе кога победи е добро. Не сум мног горд, бидејќи не го сакам тој тип на музика. Јас сум од постарото време.“

„Па не знам, зависи од изборот, зависи на кои начин ќе биде избрана мелодијата која треба да ја претставува нашата земја. Го гледав преносот но некако од година на година се се менува, стандардот веќе и желбата да се гледа тој спектекл веќе мислам дека се намалува, многу има измени, многу, можеби бидејќи ние сме возрасни, така оди таа работа, но за младите можеби е интересно, сепак ќе беше убаво и нашата држава да се претставеше пред целиот свет. Штом сметаат тие кои се надлежни за тоа дека ќе виде соодветен избор, не треба значи таму да одиме доколку не сме спремни.“

И покрај разочараноста што оваа година Македонија не настапи на Евровизија, граѓаните испратија честитики на соседот Бугарија.

„Требаше, да, само никој не се нафаќа и нема буџет. Многу ми е криво, сепак можеби ќе влезевме во некое место за наредната година. Се губи, да, наредот исто така се губи, повеќе нема доверба во никого и да гласаш за некоја песна, тие не ја прифаќаат, која сакаат, таа ја даваат. Победи, да, нека им е честито комшии сме.“

И додека едни велат дека Евровизија повеќе не е тоа што била, кај други се уште постои желбата Македонија повторно да се врати на големата европска сцена. Позади камерите на М-Нет Тв мнозинството граѓани изразија желба наредната година нашата држава да се покаже и да надомести за оваа година.

Дајана Сандева, М-Нет