Потпишувањето на договори за ниска исплата на К-15 ги остава надлежните со врзани раце, само спротивно можат да делуваат

Потпишувањето на договорите за ниска исплата на К-15 ги остава надлежните со врзани раце за да не можат да делуваат. Претседателката на Гласен Текстилец, Кристина Апмева, истакна дека тие можат да делуваат само доколку работниците не се потпишале и не номинирале претставник. Вели дека со оглед на тоа дека гласен синдикат работи паралелно со здружението тие имаат мнозинство членови со исплатата на К-15 во износ од 16.800 до 20 000 денари. Ампева повторно ги повика граѓаните да се приклучат со цел да немаат никаква загуба.

“Значи таму каде што работниците се потпишале, ние апсолутно не можеме ништо да направиме. Исто еве и во овој документ што ви го покажав овде ССМ се потпишале на 3000 К-15 и ние не можеме апсолутно ништо. Во слачјот каде што нема синдикат, во случаевите каде што не се потпишале, не номинирале претставник, кој што е близок до работодавачот можеме и те како да направиме. Исто морам да се пофалам дека со оглед тоа дека гласен синдика е основан кои што работи паралелно со здружението, таму каде што ние имаме мнозинство наши членови значи збореме за исплата од 16 800 до 20 000 денара исплата на к-15.“, додава Ампева

Ова е проблем кој што се случува секоја година и ваквиот проблем не е само годинва, вели Ампева.

“Па да ова е проблем кој што се случува секоја година, ова е колективниот договор за стопанството кои што го имаат потпишано Сојузот за Синдикатите на Македонија и таму се вели дека, доколку фирмата работи во потешкотии дека може да се исплати под сумата која што е гарантирана за таа година во конкретниот случај за 2024 година е 16.800 денари. И сега пишува таму каде што има синдикат, конкретно на СТКЧ , кој што е дел од ССМ таму треба да се потпише претставникот односно синдикатот заедно со работодавачот да потпишат спогодба за по мал износ, а таму каде што нема синдикат треба да се номинира претставник на работниците. Затоа се и тие присилби сега за потпишување на, каде што мнозинството работници номинираат наводно нивен претставник, кои што е најчесто близок до газдата работодавачот.“, вели Ампева

Инаку, она што додатно истакна Ампева е тоа дека мора да се направи измени во законот за јавни односи со што треба да стои точно колку е сумата и сума под која не смее да се оди со цел да не бидат оштетени работниците.

Лаура Стојанова М-Нет