
Дел заради фактот што платите во Источниот дел од државата се помали, друг дел заради тоа што не се вклучени во донесување одлуки за нивното место на живеење, младите наоѓаат причина зошто да ја напуштат средиината во која живеат. Токму затоа Локалните самоуправи прават напори да се подобри ситуацијата и младите да останат да живеат и работат дома.
„Можноста иницирање и развој на туризам, подобрување на инфраструктурата, поврзаноста, создавање услови, дигитална трансформација и меѓуопштинска соработка – како предуслов ќе биде причина за намалување на процентот и тенденцијата на иселување“ – вели Јорданов.
Дополнителен проблем е и стареењето на населението. Во Источниот дел од државата претходниот период се отвори четвртата ламела во домот за стари лица во Берово, но бројот на легла е недоволен. Градоначалникот на Општина Кочани, вели дека се прават напори да се отворат повеќе старечки домови.
„Задачата на сите нас како градоначалници досега беше да работиме козистентно, а проблем кој се појави е стареењето на наслението.
И наредната 2025 година еден од приоритетите на центарот за развој на ИПР ќе бидат проекти и активности преку кои ќе се задржат младите дома.
„Фокусот ќе биде ставен повторно на животната средина, повторно ќе имаме димензија како да ги задржиме младите дома и да ја унапредуваме туристичката понуда бидејќи туризмот ни е една од основните гранки“ – вели Ангелова.
Инаку, денеска во Штип се одржа настан „Ден на регионот“ на кој присуствуваат градоначалниците на општините од Источниот регион.
Лаура Стојанова М-Нет