Кочанчанката Меги Георгиева e единствената девојка хармоникаш, дополнително свири и пијано

16 годишната Меги Ѓеорѓиева од Кочани е единствената девојка од истокот, која што свири на хармоника. Растејќи во фамилија од каде извираат првите нејзини чувства за музиката, таа денес е насочена кон тоа да биде уметник. И за да се биде уметник, не е лесно, но сепак таа изборот гo донела многу мала, па дека таа е на вистинскиот пат докажуваат нејзините успеси до сега, како и нејзниот труд и голема работа. Моментално средношколец во ДМУЦ Серѓеј Михајлов Штип, а од особена важност е што овој центар е нејзината потпора за да таа се протне на патот кон успехот. Учествува на фестивали по хармоника, а дополнително одлично свири и пијано. И обете комбинации за нејзе не претставуваат никаков замор, па она што останува понатаму е да ги достига најголемите успеси. Со почеток од 17 часот утре Меги ќе настапи и на базарот во Шттип па штипјани ќе можат да уживат во нејзината уникатност.

Лаура Стојанова М-Нет