Посетата на министерката за образование и наука во Штип создаде идеи за подобрувањето на образованието

Денес во Општина Штип беше во работна посета министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа оставри средба со ректорот на Универзитетот Гоце Делчев и градоначалникот на Општина Штип, а главна тема на дискусија беше состојбата на образованието. Со оваа средба се заклучи дека универзитетот и средните училишта ќе имаат подобрена комуникација, соработка и поврзаност во контекс на промовирање на образованието, истакна градоначалникот на Штип, Иван Јорданов

“Денес во Штип на работна посета е министерката за образование Весна Јаневска, заедно со ректорот на Универзитетот Гоце Делчев и имавме состанкот со одделението за образование, разговаравме на повеќе теми за состојбата на образованието, бидејчи Штип е образовен центар кој што треба да надоградува. Комунициравме на теми за развој во насока во образованието за изготвување на план и стратегија за образовен и економски развој на Општина Штип. Универзитетот и средите училишта ќе имаа подобра комуникација, поголема соработка и поврзаност во насока и на промовирање на диолното образование.“, истакна Јорданов

На денешната посета се разговараше за повеќе аспекти од образованието и тоа за развивање на стратегијата за подобро образование, но и за сегрегацијата за да се подобрат условите и да нема дискриминација, истакна Јаневска

“Ние денес имавме плодна и конструктивна средба со градоначалникот на Општина Штип и со ректорот на универзитетот во кои опфативме повеќе аспекти од сите нивоа на образованието и на големо задоволство дојдовме до еден заклучок дека треба да направиме интегрирање од повеќе области и да се развие една стратегија за подобро образование и во основното, средното и високото образование во Македонија, каде што очекуваме подобрување на севкупниот квалитет во образованието. Дополнитено разговаравме за сегрегацијата и јас како министер се залагам секогаш да се подобар условите во кои ќе нема дискриминација”, додава Јаневска

Оваа средба за ректорот Мираковски е одлична бидејќи универзитетот ќе има можност за подобра интеграција на сите нивоа на образованието и ова е добро за да можат да соработуваат средните училишта со универзитетот, истакна тој.

“Денеска имавме една одлична работна средба со министерката и градоначалникот и јас сум сигурен дека од оваа средба произлегоа идеи и заклучоци со кои универзитетот ќе се ангажира максимално да ги ставиме во еден стратешки документ кои ќе ни создаде подобра интеграција на сите нивоа на образование, подобра соработка со средните училишта“, истакна Мираковски

За општината ова од една страна означува многу од аспект на зближувањето на образованијата, а од друга страна и подобрена кореалција на истит со комуникацијата.
Инаку, од септември исто така се предвидени едносменски насатави во одреден број училишта на Општина Штип.

Лаура Стојанова, М-Нет