Полицијата не открива детали за причините за сообраќајката, тешко повредените се во стабилна состојба

Петте тешко повредени лица се пренесени во Општата болница Кочани, Клиничката болница Штип и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ по вчерашната тешка сообраќајна несреќа на патот Штип – Кочани. Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, на прес-конференција инфомираше дека со тешки телесни повреди се здобиле возачите на возилата „голф“ и „цитроен“, лица од Кочани и Скопје, на возраст од 54 и 25 години, сопатникот од возилото „голф“ на возраст од 52 години и две сопатнички од „цитроен“ на возраст од 63 и 84 години. Со телесни повреди се здобил возачот на „сеатот“ и 50-годишна сопатничка од „цитроенот“.

„Учествувале патничко возило „голф“ со кочански регистарски таблици управувано од 54-годишниот Д.Д. од Кочани, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки управувано од 25-годишниот М.А. од Скопје и патничко возило „цитроен“ со винички регистарски ознаки од 58-годишната Л.С. од Виница од здобиените повреди починале сопатничката во возилото „сеат“ со иницијали Н.П. на возраст од 24 години и сопатникот во патничкото возило „голф“, Г.А., на возраст од 52 години од Кочани. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош во Кочани“, вели Панајотова.

Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител, сообраќаен вештак и увидна екипа од ОВР Кочани. Меѓутоа, Панајотова вели дека во оваа фаза од постапката не може да се споделат податоци за причините поради кои е предизвикана несреќата.

„Во оваа фаза од постапката не можеме да споделиме податоци со јавноста заради навремено, објективно, реално и доследно почитување на предистражната постапка, како и заради ненарушување на презумцијата на невиност“, рече Панајотова.

Од кочанското Основно јавно обвинителство, пак, во соопштение посочија дека според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Ќе биде наредено е и сообраќајно-техничко вештачење, додаваат оттаму.

Ребека Спасова М-Нет