Земјоделците работат бадијала – увозот на ориз допонително ја намалува производната цена

Оризопроизводителите од кочанско децидни, земјоделците работат за едвај три до четири денари, што за нив е далеко од исплатливо. Велат дека откупот на оризот се движат од 37 до 38 денари што е далеку од исплатливо, а денеска дополнително се шират информации дека цената паѓа. Една од причините за ова е неконтролираниот увоз на ориз, чиј квалитет не се знае, а се декларира како кочански.

„Површините остануваат исти, цената на оризовата арпа последното изјаснување од Институтот за ориз заедно со факултетот во Скопје, е направена производна цена од 34 денари, откупот е 37 – 38 денари во зависност од третманот. Ама немаме сметка да работеме, оти ние работиме за три до четири денари, денеска имам информација дека цената повторно паѓа бидејќи е дозволен неконтролиран увоз. Не знаме ниту за квалитет, ни од каде е увезен.“ – вели Максимов.

Во однос на субвенциите, оризарите од кочанско велат дека за 2023 година имаат добиено само аванс од 30%. За 2024 година велат дека немаат се уште поднесено, а далеку од добиено. Сега субвенциите се најпотребни, за да може да почне новата сеидба. Ако не добијат пари и зелена нафта во тој случај не знаат дали нивите ќе може да се посета.

„Ние за жал за 2023 година имаме исплатено само аванс од 30%. Ништо повеќе. Ако го немаш продадено оризот, пченка – не може да земеш субвенции. Нема кој да ги откупе тие количини на пченица и пченка што значи земјоделците не можат да земат субвенции.“ – додава Арсов.

До први март ќе чекаат исплата на субвенции како и чистење на каналите за наводнување, потоа велат ќе имаат кооординативен соостанок, на кој ќе одлучат за штрајкот кој го најавуваат сите земјоделци на ниво на државата.

Лаура Стојанова М-Нет