
Покрај продолжувањето на ревакцинацијата во вакциналниот пункт во Штип, за утре се закажани и 300 пациенти кои треба да примат прва доза вакцина од кинески „Синофарм“. Дали од понеделник ќе продолжи само ревакцинација или ќе се вакцинираат граѓани и со прва доза вакцина сеуште е неизвесно, бидејќи одлуката ја носи Министерството за здравство. Но, интерес за вакцинација има, а во салата Јордан Мијалков во Штип има и доволна количина на вакцини кои за сега ги задивилуваат потребите. Во континуитет пристигнуваат нови количини вакцини, истакна координаторот за вакцинација др. Дијана Миланова Коцева.
Вакциналниот пункт во Штип продолжува да работи во две смени. Спорд информации од Министерството за здравство вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Вкупно се аплицирани 290.829 дози вакцини, а ревакцинирани се 59.815 граѓани. Со последните бројки 47% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 41% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
Лаура Стојанова М-Нет