Познати музичари од Штип, формираа џез оркестар именуван како „Астибо Биг-бенд“

На стартот од новата година ,познати музичари од Штип, формираа џез оркестар именуван како „Астибо Биг-бенд“. Во вид на музички ансамбл со над десетица музичари, исто како пред неколку децении кога постојал исто ваков оркестар при тогашното КУД Македонка, тие ќе го заживеат ваквиот стил на музика и во Штип, со што ќе се збогати музичката сцена во градот.

„Oвие денови се формираше здружение на музичари во Штип, конкретно „Астибо Биг-бенд“. Биг бенд или џез оркестар е вид на музички ансамбл, кои се состои од 10 или повеќе музичари, поделени на четири секции, односно сексафони, труби, тромбони и ритам секција . Штипјани, односно повозрасните штипјани веќе може би се сеќаваат дека првиот биг бенд оркестар во нашата држава е формиран токму во нашиот град и тоа во КУД Македонка, од страна и инизијатива на Михаил Нетков. Последните денови ја имав и честа да седам со едни од основачите од овој оркестар, почитуваниот Стојан Троицки, кој ја даде целата поддршка и сите насоки за формирање на овој бенд и ни значат многу од негово име. „, вели Кавраков

Процесот кој што е во тек за да овој бенд опстои, не е едноставен вели Кавраков, но истакна дека тие ќе одат чекор по чекор за да овој сериозен оркестар повторно заживее.

“Не е едноставен процесот кој ќе тече, ќе одиме чекор по чекор затоа што станува збор за сериозен оркестар и секако штипјани го заслужуваат тоа како центар на истокот да овој оркестар повторно заживее.“, додава Кавраков

Музичари, професори, неколку студенти од музичката акадаемија ќе бидат моментално дел од овој оркестар, кои тие сакаат да биде создаден на повисоко ниво, а пробите тие се надеваат да бидат во институциите задолжени за музика.

Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет