Оризарите утре на средба со министерот Трипуновски со цел да се најде решение за откупот на ориз

Оризопроизводителите од кочанскиот регион утре на средба со Министерот Цветан Трипуновски и откупувачите, со цел да се реши проблемот со откупот на оризовата арпа по нормална цена. Моментално над 70% од арпата стои во амбарите на оризопоризведувачите, бидејќи откупувачите не откупуваат ориз по предвидената цена. 26 денари за килограм оризова арпа е несиплатливо тврдат оризарите, па децидни дека ако продолжи ваквата ситуација нивите ќе останат празни.

„Се додека оризот не се ставе законски, да има производна цена и на таа производна цена да има економска оправданост. Економската оправданост сега е на 35 денари за ситните и 40 денари за крупните. Но да се откупува оризова арпа сега по цена од 26 денари на отворен налог, тоа е криминал.“ – вели Максимов.

Се откупува само оризот на оние земјоделци кои се во „тесно“ и мора да го предадат за да ги платат долговите во аптеките и по институиите. Така било и на почетокот и сега дециден е Максимов и бара да се најде заедничко решение за да може оризовата арпа соодветно да биде откупена.

“Нема откуп. Откуп се знае кога има цена се истакнува цената, се откупува ориз по таа цена. А сега ниту имаат истакнато цени, не откупуваат туку го земаат од индивидуални земјоделци кои се на зор. Оние кои се должни на аптеките, институциите мораат под итно да го дадат оризот за да се одложат. “ – додава Максимов.

Оризарите се заканија и со нов штрајк во сучај да не се најде соодветно решение за откупот на оризова арпа. Министерот Трипуновски, пред неколку дена истакна дека ќе започнат со стокови резерви со што ќе се откупи значителна количина на ориз.

Лаура Стојанова М-Нет