Пожар во куќа во Штип, сопственикот со телесни повреди

На 24.02.2021 во 19.14 часот во СВР Штип од Територијалната противпожарна единица Штип било пријавено дека околу 18.30 часот во куќа на ул.„Солидарност“ во Штип, сопственост на В.М.(50) од Штип, настанал пожар. Во пожарот, со телесни повреди се здобил сопственикот В.М., констатирани во Клиничката болница Штип. Пожарот бил изгаснат, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.