
Познат идентитетот на машкиот труп кои вчера во попладневните часови беше пронајден на улица Вита поп Јорданова во Штип. Станува збор за исчезнатиот 58 годишен маж кој беше пријавен за исчезнат на 13 февруари годинава во полициската станица Штип. Идентификација на телото е направена од страна на челнови на неговот семејство, при што констатирано е дека се работи за З.Ш. од Штип.
Инаку 58 годишниот З.Ш. последен пат е виден на 12 февруари оваа година кога се оддалечил од семејниот дом и оттогаш се трага по него. По пријавата во полициската станица Штип, лицето се бараше активно, а помош се бараше и по социјалните мрежи. Вчера по пријавата на сосетката, на лице место увид извршија полициски службеници од полициската станица Штип, екипи на Медицинската помош, Противпожарната територијална единица Штип, како и Јавен обвинител.
Лаура Стојанова М-Нет