
На штотуку завршеното Државно првенство во Кик – бокс штипските „гладијатори“ првенството го зачинија со две златни медалји. Славче Арсов стана државен сениорски првак во кик – лајт дисциплина категотија -64 кг. а Никола Нацев стана шампион во јунирска конкуренција во категорија + 94 кг. Ова е прва титула на Никола Нацев во конкуренција на Јуниори а севкупно шеста, по Пионерските и Кадетски титули. Беше прогласен и за најдобар спортист на град Штип за 2020 година во конкуренција на Јуниори. Веќе шеста година Никола Нацев тренира кик – бокс а моментално е на трета година на спортската паралелка во Пробиштип.
Ова беше прво натпреварувачко искушение на штипските кик – боксери за кои постои голем интерес и со задоволство се покануваат да настапат на повеќето интернационални турнири во соседните земји.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk