
Второлигашите продолжуваат да ја темпираат формата за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига преку одигрување на пријателски натпревари.
Вчера во Кичево пријателски натпревар одиграат второлигашите Новаци и Арсими, каде екипата на Новаци триумфираше со 3:0 на овој тест.
Данил Романов беше двоен стрелец, а Стефан Јовановски беше стрелец на гол од пенал. Тренерите и на двете екипи им дадоа шанса на играчите со кои располагаат во моментот со цел подобро подготвување на екипата за првенството.

Арсими минатата сезона заврши на високото 4. место на табелата со 51 освоен бод, додека пак Новаци како повратик во Втората лига заврши на 11. место со 34 бодови.
До крајот ќе се одиграат уште неколку пријателски натпревари, а новата сезона ќе започне на 17. август.
Александар Ванев, М-Нет