Новата сезона во Трета лига – Исток со 12 екипи, познат стартот на сезоната, Слога Виница прв фаворит!

Синоќа на состанок на клубовите од Третата македонска фудбалска лига – Исток се дискутираше за новата натпреварувачка сезона 2024/2025.

На состанокот кој се одржат во Штип во присуство на претседателот на ОФС Кочани, Александар Андов, секретарот Столе Тошев и претседателот на ОФС Штип, Димитар Џонов, кој практично беше домаќин на овој состанок се дискутираа повеќе теми за новата сезона.

Стартот на новата сезона ќе биде на 15. септември, а во средината од месец ноември треба да заврши есенскиот дел. Утврдена е висината на котизацијата за новата сезона, а потврден е бројот на екипи кои ќе настапат во новата сезона.

Како што веќе информираше телевизија М Нет, ланските осум екипи, Слога Виница, Тиверија, Дојранско Езеро, Овче Поле, Малеш, Ударник, Рудар и Карбинци, во новата сезона ќе игра Светлост од Зрновци кој е шампион во ОФЛ Кочани, Хоризонт Турново и Брегалница од Делчево се повратници, а ќе настапи и екипата на Граничар Спорт од Ново Коњарево, која ќе игра во Ново Село.

Во новата сезона Слога Виница ќе биде прв фаворит за првото место и баражот за Втора лига.

Поранешниот второлигаш од Виница веќе работи на засилувања за новата сезона, Слога и најпрва започна со подготовките за новата сезона.

Во новата сезона ќе настапува и екипата на Граничар Спорт, кој ќе игра на стадионот во општина Ново Село.

Интересот за натпреварување во Трета лига – Исток се зголемува, а потврда за тоа е што во новата сезона место девет ќе има 12 екипи.

Александар Ванев, М-Нет