
Во новата сезона од Третата македонска фудбалска лига – Исток ќе има четири нови екипи, а со тоа се зголемува бројот на екипи кои ќе настапуваат во новата сезона, наместо девет како лани, во новата сезона ќе има 12 екипи.
Како што веќе информираше телевизија М Нет, една од новите екипи е Граничар Спорт од струмичкото село Ново Коњарево од општина Ново Село.
Во изјавата за телевизија М Нет, претседателот на клубот Стефче Стојанов вели дека клубот постои повеќе од 70 години, меѓутоа поради иселувањето на луѓето пред се на младите во овој регион клубот не бил активен, а сега одново се враќа на фудбалската карта на Македонија.
Домашните натпревари Граничар Спорт ќе ги игра на теренот во општина Ново Село, каде стадионот има инфраструктура која ги исполнува условите за одигрување на натпревари.
Новиот член на Трета лига – Исток во новата сезона ќе настапува со играчи од околината на Струмица, а целта конечен пласман на средината од табелата.
Новата сезона како што информираше М Нет ќе започне на 15. септември.
Александар Ванев, М-Нет