Победа Валандово со победа во Берово ќе биде нов лидер, дерби на Турново и Ударник

В недела се играат мечевите од 19. коло на Трета лига – Исток каде фокусот ќе биде во Берово, Победа Валандово ќе игра против Малеш каде со триумф „калинкарите“ ќе избијат на врвот на табелата односно со бод повеќе ќе бидат пред Овче Поле, а тоа ќе значи повеќе од неизвесна завршница од сезоната меѓу Победа и Овче Поле кој да биде шампион во Трета лига – Исток и да игра бараж за Втора лига.

Дерби ќе одиграат Хоризонт Турново и Ударник од Пирава, каде трите бодови се императив и за двете екипи. Во Струмица ќе се игра мечот меѓу Тиверија и Брегалница од Делчево.

До крајот од сезоната после оваа коло ќе останат уште три кола за одигрување, односно сезоната треба да се комплетира со 22 одиграни кола.

Александар Ванев, М-Нет