Постои интерес за пинг-понгот во Штип, ПКК Шампион ФА со една шампионска титула во машка и две титули во женска конкуренција

Постои интерес за пингпонгот како спорт во Штип, но како што вели Филип Младеновски за М Нет телевизија, во минатото интересот бил поголем, барем кога тие започнувале со активно тренирање на овој спорт.

Како што истакнува Младеновски еден од проблемите со кој се соочуваат е тоа што немаат своја сала. Најидеална возраст за да се започне со овој спорт е од седум до осум години.

„Посто интерес за пингпонгот во Штип, за разлика од порано кога ние започувавме сега малку е намален интересот. Пред се тоа е поради немањето на сопствена сала, порано имавме сопствена сала, маала сала, сите деца доаѓаат. Сега ја немаме таа можнот и сме ограничени со термини. За да се започне со пингпонг потребно е од најмала возраст, седум до осум години, а термините ни се малку доцна околу 20 часот и тоа е проблем, за да дојдат младите да рекреираат, спортуваат и да се изградат како личности“, вели Младеновски.

Пингпонкарскиот клуб Шампион ФА е основан во 2012 година и од тогаш постојано бележи големи резултати, една шампионска титула во машка конкунреција, а четири пати е вицешампион и две во женска конкуренција, со тоа што клубот во женска конкуренција се натпреварува пет години.

Мора да се истакне фактот дека клубот се потпира на домашен играчи, а притоа фокус е ставен и на младинските категории.

„Ние сме задоволни клубот како Шампион ФА постои од 2012 година и секогаш сме во самиот врвт. Имаме една титула, а четири пати сме вицешампиони, имаме стабилна и континуирана екипа. Ние фалат финансии, сите играчи имаат странски играчи, ние сме со домашен кадар од Штип и сме во самиот врв. Пред пет години е формирана и женска екипа и оваа година која освои втора шампионската титула. Сега имаме и подмладок од кои доправа се очекува да остваруваат резултати“, дополни Младеновски.

Клубот постојано е во самиот врв на македонскиот пинг-понг, со тоа што во следниот период ќе работи активно и на младинските категории од каде сениорскиот тим ќе се „храни“ со играчи.

Александар Ванев, М-Нет