Плата под 30 000 граѓаните не признаваат, премиерот со став за договор помеѓу работодавачите и работниците

Плата под 30 000 не признаваат граѓаните на Штип. Иако минималната плата во следниот период има најави да достигне до 24 500 денари, сепак анкетираните на терен децидни дека тоа нема да донесе резултат. Високиот стандард, причина за да тие бидат незадоволни.

Иако премиерот Мицкоски истакна дека одлуката не зависи од владата, туку од договорот помеѓу работниците и работодавачите, сепак граѓаните велат под 30, 000 не треба ниту да се размислува.

Но, сепак она што го истакна премирот во последната изјава е дека доколку нема договор помеѓу работодавачите и работниците, тие како влада ќе одат според законот.

-Тоа не зависи од Владата, тоа зависи дали работниците и работодавачите ќе постигнат договор и дали ќе има таму консензус и ние како влада ќе го подржиме тој договор во спротивно ќе одиме според законот, вели премиерот Христијан мицкоски

Она што понатаму останува е покачувањето да биде согласно барањата на работниците, се со цел бидат задоволни според повисокиот стандард, кој во моментот сите ги загрижува.

Иван Митев, М-Нет