Сончогледот се враќа на нивите во Овчеполскиот регион, усовршувањето на агротехниката една од причините

Сончогледот се враќа на нивите во Овчеполскиот регион. Зголеменото субвенционирање и усовршувањето на агротехниката се дел од причините вели универзитетскиот професор од штипскиот Земјоделски факултет Љупчо Михајлов. Додава дека освен сончогледот во овчеполскиот регион може да успее и ленот, маслодавната репка.

„Причина за тоа е зголеменото субвенционирање, совршената агротехника, порана сиедба, бидејќи за сончогледот е важно уште во почетокот на март да се насее за да го развие кореновиот сиситем.“ – вели Михајлов.

Според податоците на Државниот завод за статистика најголемиот рекорд на засеани површини под сончоглед имало во 1989 година, кога под оваа култура биле покриени 46.000 хектари. Земјоделците низ годините се откажаа од сончогледот, бидејќи немаа вода за наводнување, односно се соочува со рестрикциии и со уништени системи за наводнување. Според Михајлов колку и да се зголемат површините под сончоглед тешко е да се задоволат потребите за производство на сурово или готов производ масло за јадење. Најголеми светски производители на сончоглед се Русија, Украина и Бразил.

Mихајлов забележува дека за одгледување на маслодојни култури во Овчеполскиот регион предност му дава на производството на ленот, кој успешно се вклопува во плодоред со житните култури и имаат кратка вегетација и нема потреба од поголеми количини на вода.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет