
И лекарствата голем товар за граѓаните. Речиси 600 денари тие приметиле дека плаќаат повеќе од претходните месеци, па сега ова за нив е друга ситуација со која започнуваат да се справуваат. За М-Нет телевизија истакнуваат дека во секоја аптека тие среќаваат различни цени, па за да ја купат целосната терапија го обиколуваат целиот град.
Анкетираните велат дека согласно ситуацијата тие ќе се справуваат како знаат. Едни истакнуваат дека ако е потребно некој ќе ја пресконуваат својата терапија, други дека сакале или не ќе мора да се снаоѓаат.
Она што дополнително се очекува од март годинава е покачувањето на пензиите за уште 2,500 денар, па според она што го истакна премиерот последно за пензионерите е дека од март тие ќе имаат дополнителни 2,500 денари, па вкупно со септемвриските 2,500 до април ќе имаат дополнителни 5000 денари на своите сметки, кои ќе бидат добра можност за граѓаните.
Иван Митев, М-Нет