Пелистер го доби дуелот со Тиквеш, Феникс слави над Работнички, триумф за Кожув

Се одигра последното есенско коло од Првата кошаркарска лига на Македонија, кое ќе се комплетира вечерва со мечот меѓу Гостивар и Вардар со што ќе следува пауза и продолжува на пролетниот дел.

Пелистер забележа нов и важен триумф за четврта победа во низа, а со тоа и израмнување на врвот од табелата заедно со МЗТ Скопје и ТФТ Скопје со по 21 бод.

Битолчани во трите четврти беше подобар, а во последната четвртина тимот од Кавадарци се разбуди и одигра одлично која ја доби со 23:32, но сепак не беше доволно за изненадување, па мечот го загуби до конечни 95:88.

Феникс го доби Работнички со 73:71 за втора победа во низа, а Работнички го забележа вториот пораз во низа.

МКК Куманово однесе голема и убедлива победа од 78:59 против лидерот ТФТ Скопје, со што поразениот тим по одличната серија сега запиша два порази во низа.

Шампионот МЗТ Скопје со 90:54 беше пресилен против тимот на Шкупи, а пак Кожув 86:63 однесе голема победа против Чаир, со што се продлабочува резултатската криза кај овој тим со четири порази во низа.

Александар Ванев, М-Нет