Реми во Кочани, Пелистер со голема победа во Ѓорче, Работнички минимално до трите бода!

Третото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе неколку интересни резултати, а најголемото внимание го привлече гостинската победа на Пелистер кај Македонија ЃП.
Битолчани славеа со минимални 0:1 на гостувањето во Ѓорче Петров и продолжуваат со добри резултати на стартот од сезоната.
До три бода стигна и Работнички, кој на домашен терен со 1:0 го совлада Еуромилк ГЛ.
На натпреварот кој се играше во Кочани, Осогово и Новаци одиграа без голови – 0:0, во меч кој имаше и директен пренос на М Нет ТВ.
Во Струмица, пак, Брера Струмица стигна до победа над Камјани со 2:1, со што домаќинот освои нови три бода.
Колото ќе биде комплетирано утре со уште три натпревари.
Посебно внимание привлекува дербито на Истокот, во кое Беласица ќе ја пречека Детонит Плачковица. Натпреварот е закажан за 20:00 часот, а љубителите на фудбалот ќе можат да го следат и во директен пренос на М Нет-ТВ.
Во преостанатите два натпревари ќе се сретнат Охрид – Кожуф и Шкупи – Тетекс.