
Одбојкаркиот клуб Штип УГД со хуманитарна акција, подели новогодишни пакетчиња во дневинот центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во Штип.
„Денес сме во дневниот центар за деца со интелектуална и физичка попреченост, одбојкарскиот клуб Штип УГД реализираше хуманитарна акција со делење на новогодишни пакетчиња, со цел за претстојните празници и овие деца од ова категорија да се почувствуваат среќни и радосни. Освен овде, пакетчиња имаме и за децата од центарот за аутизам кој се наоѓа во населба Пребег“, вели портпаролот на ОК УГД Штип, Горан Стаменков.
Целта на ова хуманитарна акција на одбојкаркиот клуб Штип УГД е радост и среќа кај секого за новогодишните празници.
Александар Ванев, М-Нет