Патриот од Делчево сезоната ја отвара против Гевгелија, кошаркарките на Баскет Кам против МЗТ Скопје

На 10 октомври ќе биде отворена новата сезона во Првата кошаркарска лига на Македонија во женска конкуренција со осум екипи како и минатата сезона.

Познати се и двојките за првото коло, односно познат е распоредот за сезона 2026/2027, во сезона во која Крива Паланка ќе ја брани шампионската титула.

Екипата на Крива Паланка одбраната на шампионската титула ја започнува на гостински терен против Вардар, тимот на Патриот од Делчево во првото коло ќе гостува кај новиот прволигаш Гевгелија, Пробаскет на домашен терен ќе се соочи со Бадел, а пак поранешниот шампион на Македонија, Баскет Кам од Македонска Каменица во првото коло ќе гостува кај МЗТ Скопје Аеродром.

Првиот дел е предвиден да заврши на 28 ноември кога ќе бидат одиграни мечевите седмото коло, а во овие седум кола се предвидени 28 натпревари. Од вториот дел во есенската полусезона ќе се одиграат три кола, а последното коло од есенскиот дел ќе биде десеттото, кое е закажано за 19 декември. Потоа, ќе следува зимска пауза, а втората полусезона се отвара на 16 јануари со мечевите од 11-тото коло.

Според календарот на 6 февраури треба да биде одиграно 14 коло кога ќе се комплетира регуларниот дел.

Александар Ванев, М-Нет