Пасоши на брза трака, повисока дневница и побрзо минување граница бараат транспортерите

Зголемен бројот на дозволи за 20%, што значи дека се отвораат повеќе можности за домашните транспортни компании. Се работи на решавање на проблемот со патните исправи, односно професионалните возачи да може да добијат пасоши на брза трака со што нема да трпи економијата. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оставари средба со преставници на транспортни компании, при што разговараа за моменталната состојба со пасошите, но и останатите проблеми со кои се соочуваат тие.

„Во однос на сите дозволи кои ги издава Министерството за транспорт и врски, тоа се изводи од лиценци, лиценци, сертификати за возачи, можам да кажам дека сите се подготвени, испечатени и пред рокот се ставени на располагање за да ги подигнат транспортерите. Исто така разговарано е за брза трака за издавање на патните документи, пасоши за професионалните возачи и за тоа е изнајдено решение“ – вели Бочварски.

Простор има и за покачување на дневницата. Овој предлог е поднесен до Влада и е во Собрание на разгледување. Но, не само овие, преставниците на транспортните компании велат дека се соочуваат со голем број на проблеми. Се јавува недостаток на работна сила и потреба за решавање на проблемот со квотите.

„Генерално иамме многу проблеми, не само од нашата држава, генерално земено со сите овие ситуации, со војниве, со економските кризи, застој, намалено производство, пазар. Многу е тешко, превозниците се соочуваат со многу проблеми, ама се борат. Имаме проблем и со недостигот на работна сила“ – вели Муратовска.

На денешната средба во Штип преставниците на транспортните компании посочија дека главно се задоволни од соработката со ресорното министерство, иако како што велат има се уште предизвици со кои се соочуваат и кои треба да бидат надминати.

„Се залагаме за побрзо минување на граница, покачување на имиџот на професијата на возачот, зголемување на дневниците.“ – додава Миовска.

Инаку, 96% од превозот за извоз и увоз во државата според статистика се врши по патен сообраќај. Проблемите на превозниците треба да бидат решени со цел да не се доведе државата во ситуација како во ковид пандемијата, со празни рафтови по маркетите.

Лаура Стојанова М-Нет