Угриновски на средба со кочанските пензионери – едукација со цел исполнување на нивнните барања

Да се запознаат пензионерите со Законите, но и да бидат едуцирани – ова беше главниот акцент на денешната средба на Драган Угриновски со пензионерите од Кочани. Во салата на мултикултурниот центар „Бели мугри“, кочанските пензионери имаа можност да дискутираат и да поставуваат прашања на претседателот на Здружението на пензионерите за достоинствен живот. Целта е да се добијат правата кои ги бараат пензионерите и за кои протестираа во изминатиот период.

„Сакаме да ги запознаеме со нашите барања, она што цело време протестираме овој период од шест месеци и повеќе, да им се објасни дека се бориме за линеарно покачување на пензиите, за минималната пензија. Законите се поднесени внатер во Собранието и дека не постои желба од пратениците да го изнесат на собраниска процедура.“ – вели Угриновски.

Угриновски посочи дека не може многу да се очекува од техничката Влада, освен можноста Законот да се донесе по итна постапка. Вели до крај ќе се бори за правата на пензионерите, а потоа се откажува од ваквите активности.

„ Баравме тогаш да биде донесен Законот пред избори, овој период е техничка Влада и може да се донесат само некои закони по итна постапка.“ – додава Угриновски.

Пенизонерите, не само од Кочани, туку од цела држава изминатиот период на улица ги бараа своите права за повиска пензија, односно линеарно покачување на пензиите како и усогласување на минималната пензија.

Лаура Стојанова М-Нет