Пазарџиите го тераат животот од ден за ден со минимална заработувачка

И да врне и да вее и бура да коси тоа за пазарџиите ништо не е производите на пазар ги носи стара изрека која што се користи од дамнешни времиња но сега кога живееме во модерно време и секој треба да има платено придонеси за да во иднина се оствари право за пензија на пазарџиите малку потешко им оди.

Зависи од многу околности, многу причини, имаме поволни услови што се однесува до природата меѓу тоа кај нас може да биде некоја цена набиена што не држи место поскапо и од Европа но може да биде и за без пари и да остане на нивата причините за тоа се непланираното производство, несигурен пласман луѓето се веќе разочарани;

Кој нема осигурување има некои си плаќаат преку земјоделие преку фирмата што ја имаат.

Тие својата егзистенција во животот ја овозможуваат токму со одењето на пазар ама цените на она што го продаваат се ниски и речиси може да се  покријат само трошоците за производство а од каде, како и кој е начинот ги плаќаат давачките кон државата.

Тешко од причина што пак ќе кажам еден збор големите „риби ги јадат малите“ прават се монополски работи знаеме што е монопол земјоделецот нема решение. Малопродажната цена беше 70 денара за килограм сега е 60 а лугето сакаат да земат два килограма за 100 денари колку една кутија цигари не е смешна цената ама е смешно во однос на малата побарувачка 10 до 15 кила да се продаде е смешна работа.

 Освен придонесите пазарџиите мора да мислат како ќе ја платат и резервацијата за тезга каде и се изложуваат производите за продажба, со еден збор кажано оваа категорија на луѓе како и повеќето животот го тераат од ден за ден.