
Денеска започнува изборниот процес во Општина Штип. Први своето право на глас ќе го остварат лицата позитивни на Ковид 19, како и оние во изолација кој имале контакт со заболено лице. Меѓутоа, заинтересираноста на овие лица е речиси на минимум, бидејќи претходно се имаа пријавено само 12 лица. На терен ќе шетаат две медицински екипи, со скафандери, претходно обучени и ќе одат по домовите на пријавените ковид позитивни лица, и на тој начин ќе се остварува правото на глас. Во Општина Штип, право на глас имаат 39 605 гласачи, од кои 2103 се во посебни избирачки единици, односно се наоѓаат во затворот Идризово, или во Скопје Шутка, Крива Паланка отвореното одделени, Струмица, две пријавени има во геријатриски центар во Прилеп. 66 лица се во Казнено поправниот дом во Штип, и овие лица своето право на глас ќе го остварат утре.
Лаура Стојанова М-Нет