
За 20 до 30 денари пониска е цената за откуп на жива мера свинско месо. Од 140 денари за килограм сега се откупува за 120 денари. Но и оваа цена е задоволителна, велат одгледувачите на свињи, со оглед на фактот дека јачменот и оваа година беше со цена од 10 денари за килограм. Намалување има и во маркетите вели Гоце Серафимов, но додава дека тоа е мал процент и затоа е тешко приметливо кај купувачите.
„Сега цената е малку пониска на живата мера, од 140 до 150 денари падна на 110 до 120 денари килограм. Меѓутоа добра е и таа цена. Моментално спрема другите цени, пример цената на јачменот добра е цената на жива мера.“ – вели Серафимов.
Во меѓувреме се обновуваат и фармите каде претходно имаше африканска свинска чума. Серафимов посочува дека свинскиот фонд е намален, но тоа не преставува опасност дека ќе има недостиг од свинско месо.
И додека од една страна паѓа цената на живата мера, од друга страна граѓаните велат секое влегување во продавница забележуваат нови покачени цени на производите. Велат промени има кај се, ама најзабележителни се кај млечните производи и зеленчукот
„Јас најголемо покачување забележувам кај млечните производи и месото. Покачување има и на зеленчукот“ – велат граѓаните.
Во меѓувреме ССМ објави дека минималните месечни трошоци пораснаа за нешто повеќе од 600 денари споредбено со претходниот месец.
Лаура Стојанова М-Нет