
Македонскиот футсал шампион екипата на Форца со триумф ги започна претквалификациите во Лигата на шампионите, откако со 4:2 славеше во првиот меч од групата А против екипата на Блу Меџик од Ирска.
Мечот се играше во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Ирскиот тим прв дојде до предност со голот на Лукас, а потоа Исмаили израмни на 1:1. Салданха постигна гол за нова предност до тимот од Ирска, а потоа со двата гола на Дандан екипата на Форца стигна до водство од 2:3.
Во финишот на мечот Петровиќ постигна гол за конечните 2:4 и триумф на Форца.
Следен меч за екипата на Форца ќе биде веќе утре против Ренџерс, екипа која загуби од Титоград со 2:4 во првиот натпревар одигран денес. Во однос на табелата Титоград и Форца имаат по три бода, а порази имаат Блу Меџиг и Ранџерс.
Александар Ванев, М-Нет