Отворена нова пратеничка канцеларија во Општина Штип

Отворена е нова пратеничка канцеларија во Општина Штип во просториите на самата општина. Оваа пратеничка канцеларија е со цел граѓаните да можат да се обратат да дадат свое мислење или да побараат информации. Достапноста и можноста да се добијат дополнителни информации е поен плус и придонес за сите граѓани.

„Денеска започнува со работа мојата пратеничка канцеларија со седиште во Општина Штип. Целта на оваа канцеларија е остварување на непосредни контакти со граѓаните, со цел за разменување на информации, давање на мислења, идеи, предлози од страна на граѓаните. Сметам и за мене од исклучителна важност како пратеник е остварување на континуирани контакти со граѓаните“ – истакна Рамбабова.

Канцеларија е отворена и достпана за граѓаните секој работен ден, од понеделник до петок од 12 до 17 часот.. Предвиден ден за остварување на контакти со граѓаните е петок, меѓутоа во согласност со работните обврски тоа може да биде и друг ден од неделата.

Сите граѓани кои имаат потреба за искажување на свои проблеми, сугестии и потреби може да се обратат во оваа нова пратеничка канцеларија.

Лаура Стојанова М-Нет