
Секојдневниот апел од надлежните да не се палат стрништата, земјоделските остатоци, но и од страна на Министерството за внатрешни работи да не се предизвикува пожар на отворено и доколку се забележи истиот да се пријави не вродуваат со плод. Секојдневно се палат земјоделските остатоци, секојдневно сме сведоци на нови пожари. Во текот на вчерашниот ден Противпожарната територијална единица Штип интервенираше на 4 пожари, два во контејнери и два пожари предизвикани со палење на земојделски остатоци во атарот на село Балван.
„Во текот на вчерашниот ден ТППЕ Штип имаше вкупно четири интервенции од кои два на запалени контејнери во населба „Сењак“ и „8ми ноември“ и две интервенции на запалени трски во атарот на село Долни Балван.“ – соопшти Атанасов.
Во вчерашниот ден околу пладне пожарот во атарот на село Балван, кај село Таринци, беше блиски до бензинската пумпа. Огнот подпомогнат од ветерот го ширеше пожарот со голема брзина. Чадот се забележуваше дури до централното градско подрачје во Штип, а зададеноста на воздухот исто така беше висока.
Вчерашните пожари беа навремено изгаснати, без повредени лица но со голема материјална штета, загадувашње на воздухот и почвата. Апел до сите граѓани и земјоделци упати и командирот на Противпожарната територијална единица Штип, Атанасов.
Палењето оган на отворен простор, претставува прекршок и казната е парична, но доколку поради небрежност од тој оган се предизвика шумски пожар претставува кривично дело и казната е затвор од три до пет години.
Лаура Стојанова М-Нет