Жените се подобри и побезбедни возачи покажува инстражувањето на РСБСП

По повод денот на жената 8ми март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот по патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи, организираат 8мо мартовкса акција под мотото „Жените возат безбедно, биди горда што си жена и што си безбеден возач“.  Во склоп на ова се делеа заштитни маски и флаери во Штип, со порака до припадничките на женскиот пол да продолжат да возат внимателно.

„Иако според многумина на прв поглед жените декуваат поневешти, од мажите како возачи, сепак истражувањата и статистиката покажуваат дека жените возат безбедно, повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, не поминуваат на црвено, не возат без возачка дозвола и повеќе ги почитуваат пешаците. Според податоците на Светската здравствена организација 77% од вкупниот број на сообраќајни незгоди со фатални последици се предизвикани од возачи од машкиот пол, додека амо 23% од женскиот пол.“ – истакна Манчев од РСБСП.

Дека жените се добри шофери, но и многу по внимателно управуваат со моторно возило, и ги почитуваат патните сигнализации, ограничена брзина и се побезбедни возачи согласни се и граѓаните на Штип.

На меѓународниот ден на жените 8 ми март, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот по патиштата спроведе акција со цел да им се даде поддржка на жените за нивно поголемо почитување, како возачи како рамноправни учесници во сообраќајот и надминување на стереотипите дека жените се лоши и неискусни возачи.

Лаура Стојанова М-Нет