Левица: Митески, кој е стручњакот за маалски улици низ Аеродром?

„Улицата Божидар Рајковиќ, во Горно Лисиче, цела година е оставена раскопана и со кратери, како мински полиња, на кои жителите секојдневно ги уништуваат возилата. Жителите постојано алармираат и поставуваат прашња кој стручњак ја прави улицата, но и дали има контрола на работата“, велат од Левица Аеродром.

„Левица го постави ова прашање и на Совет на општината и бараше улицата да биде во најаскоро време завршена.

Вакви ситуации не само сега, туку и во иднина ќе ги револтираат жителите, кои уредно си плаќаат даноци, а не добиваат услуги, кога Општина Аеродром нема ниту луѓе, ниту механизација да направи и најмали поправки, туку сѐ мора да оди преку тендери. Од друга страна, пак, општинскиот инспекторат дозволува кој што сака да си прави на терен“, соопштуваат од од Левица Аеродром.

Текстот (Видео) Левица: Митески, кој е стручњакот за маалски улици низ Аеродром? е превземен од МАКФАКС.