
Второлигашот Осогово максимално се подготвува за предизвиците во новата сезона, клубот од Кочани под водство на искусниот тренер Крсте Крстев работи на подигање на формата за новата сезона во Втората лига.
Досега екипата се засили со Христијан Митревски, Христијан Поп Антоски и голманот Филип Лазаревски, а во следниот период ќе бидат претставени уште две нови засилувања.
Веќе утре ќе следува и првиот пријателски меч кој ќе го одигра Осогово со Брера, а истиот ќе се игра во Кочани.
„Подготовките веќе една недела се реализираат според планот со двојна програма на тренинзи дневно. Фудбалерите максимално професионално ги извршуваат задачите и веќе во среда ќе го имаме првиот тест натпревар со Брера во Кочани, од кој очекуваме подигнување на формата од секој аспект на повисоко ниво. Паралелно, управата работи на пополнување на ростерот за следната сезона со уште најмалку двајца фудбалери, со цел да влеземе во рамноправна конкуренција и со сите клубови од Втора лига“, вели шефот на стручниот штаб на Осогово, Крсте Крстев.
Стартот на новата сезона е закажан за 23 август.
Александар Ванев, М-Нет