Детонит Плачковица од Радовиш се засили со повратникот Стефан Бабунски, а го претстави и младиот Тино Спасиќ

Екипата на Детонит Плачковица за новата сезона во Втората лига промовираше уште двајца нови играчи. Се работи за повратникот Стефан Бабунски и младиот Тино Спасиќ.

Бабунски се враќа во таборот на радовишани по шест месеци поминати во штипска Брегалница. Бабунски се враќа во добро позната средина бидејќи од август 2022 до јануари 2025 настапуваше за Детонит Плачковица, а една сезона го носеше и дресот на радовишка Плачковица.

Во својата кариера има настапувано и за Каменица Саса, Брера Струмица и Еуромилк ГЛ.

Радовишани имаа повратник кој е проверено име и кој во дресот на Детонит Плачковица имаше одлични настапи и беше меѓу најдобрите играчи во тимот.

Спасиќ е 20-годипен дефанзивен играч од средниот ред кој пристига од второлигашот Скопје, а кариерата ја започна во Вардар.

Претходно, Детонит Плачковица се засили со искусниот Сашок Дуков и Филип Ѓорѓиевски, а двајцата играчи пристигнаа од редовите на Кожуф.

Александар Ванев, М-Нет