
Лошата финанасиска ситуцаија во ЈП „Исар“ предвидува помош од страна на Локалната самоуправа со цел да се излезе од ваквата криза. Долговите на претпријатието, но и сметката за електрична енергија за месец јануари која се очекува да биде доспеана во износ четири до пет пати поголем од досегашниот зборува за доста лошата и критична состојба во претпријатието. Доколку Општина Штип финансиски му помогне на најголемото претпријатие во Истокот, штипски Исар, какви ќе бидат поседиците по Општината го прашаваме првиот човек на градот под Исарот, Иван Јорданов. За М-Нет тој кажа дека капиталните проекти ќе бидат намалени.
„Тоа е дополнителен финансиски проблем врз нас како Општина Штип. поголем дел од средствата кои ги имаме испланирано во Буџетот за 2022 година, а се за капитални инвестиции, заради енергетската криза и кризата во ЈП Исар, ние како основач ќе имаме обврска поголем дел од овие средства кои биле планирани за асфалтирање на улици, да бидат префрлени на сметка на претпријатието“ – кажа Јорданов.
Јорданов додаде дека обврска на Општината е да помогне финансиски на ЈП „Исар“, а со тоа да се намали реконструкцијата и асфалтирањето на улици, тротоари и булевари. Само за пример, ако сметката за месец јануари доспее според предвидувањата, Општината ќе откаже од реконструкција на четири улици.
Јавното претпријатие „Исар“ освен за електрична енергија има долг и кон Министерството за финансии за кредитот. Истовремено, доколку не се најде друг приватен оператор кој ќе го снабдува претпријатието со струја, по 90 дена на управната зграда на Исар ѝ се заканува мрак.
Лаура Стојанова М-Нет