
Омикрон сојот како и сегашните актулени мерки за заштита од Ковид 19 не придонесуваат за зголемување на интересот за вакцинација кај граѓаните. Во Здравствениот дом Панче Караѓозов во Штип дневно за прва доза се појавуваат околу 10 граѓани. За разлика од ова интересот за трета доза во последните неколку денови бележи благ пораст, вели координаторката за вакцинација Дијана Коцева Миланова.
„Овие денови бележиме благ пораст во интересот кај граѓаните кои се имунизираат претежно со трета доза. Дневната бројка на граѓани кои примаат вакцина е меѓу 50 и 100 наши граѓани, со тоа што претежно се јавуваат за трета доза повозрасната популација.“ – кажа Миланова.
Граѓаните пред се се одлучуваат да примаат прва доза на акцина заради патување, согласна е и Миланова, но и граѓаните кои денеска беа во здравствениот дом за да се имунизираат.
„Дојдов да се вакцинирам бидејќи не ми дозволуваат да влеза во кафана„
И во Кочани интересот заа трета поголем, за прва речиси и да нема, потрвдри за М-Нет доктор Иле Постолов.
„Во тек е вакцинацијата. Интересот е поголем за трета доза. Денеска до сега има имунизирано околу 40 граѓани, а за прва доза само 10“ – додаде Постолов.
Во Штип до сега вакцинирани и ревакцинирани се околу 36 илјади граѓани, а бустер доза примиле околу 4.500 граѓани. Достапни вакцини се фајзер и синовак, за разлика од Кочани каде се нуди само вакцината на фајзер.
Лаура Стојанова М-Нет